По очекуваниот пораз од фаворитот Шпанија, македонската кадетска репрезентација ја оствари и првата победа. Имено, во второто коло е совладана селекцијата на Мароко, со резултат 21:17 (5:5, 8:4, 8:8).

Веќе пишувавме дека турнирот се игра со експериментални правила, на три третини од по 15 минути. Во воглавно израмнетиот натпревар нашите надежи победија благодарејќи на одлишната втора третина, која ја добија со убедливи 8:4. Најдобар во нашите редови беше Митев, со седум постигнати гола.

Утре, македонските кадети ќе се сретнат со Тунис и со Хрвтска, а в среда противници ќе ни бидат Црна Гора и Турција.