Шпанскиот голман Родриго Коралес ќе го напушти тимот на ПСЖ на крајот од наредната сезона.

Тој пристигна во 2017 година од Висла Плоцк и две сезони беше на голот на ПСЖ заедно со легендарниот Тиери Омејер.

Коралес има договор за уште една сезона, а од клубот му соопштиле дека по истекот на договорот нема да сметаат на неговите услуги.

ПСЖ веднаш ја најде замената за Коралес од наредната сезона и тоа во ривал од домашното првенство. Негов наследник ќе биде сегашниот голман на Шамбери, Јан Жанти.

Договорот со 27-годишниот голман е потпишан на две години. Жанти додека настапува во Шамбери два пати беше прогласен за најдобар голман во француското првенство, во 2015 и 2019.Предходно за ПСЖ потпиша и францускиот репрезентативен голман Венсан Жерар.