Македонскиот ракометен првак, Вардар 1961 потврди дека од денеска започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот против Алборг во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Дуелот ќе се игра во среда со почеток од 18:45 во „Јане Сандански“ а според протоколите дозволено е користење на 30% од капацитетот на салата, поточно 1800 столчиња на трибините.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, во среда од 17 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” до 17 часот па се до почеток на средбата.

Оние што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат на продажното место на купикартиза се во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во среда (29 септември)

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.