Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Раде Стојановиќ и официјално е нов тренер на РК Охрид,

Со оваа екипа Стојановиќ потпиша едногодишен договор.

„Голема благодарност до клубот за довербата. За Охрид слушав само добри работи, тимот неколку сезони играше во плејофот, излезе и во Европа, па наша цел ќе биде токму тој пат“, изјави Стојановиќ на промоцијата.

Стојановиќ почна како асистент во Металург 2 во 2017 година и како прв тренер на младинската екипа.