Ракометарите на Киелце го откажаа денешниот тренинг во СЦ „Јане Сандански“ во пресрет на дуелот со Вардар од Лигата на шампиони. Причина за ова е летот од Краков до Австрија, а ракометарите на Киелце полетале три часа подоцна со што го пропуштија летот за Скопје.

Бидејќи друг лет Виена – Скопје нема полскиот тим ќе мора на алтернативен начин преку друг град стигне до Скопје, а овие проблеми не им одат во прилог на Полјаците кои ќе бидат видно поизморени од ракометарите на Вардар.

За потсетување овој дуел ќе биде посебен поради враќањето на Игор Карачиќ во Скопје, кој за прв пат ќе игра во „Јане Сандански“ како гостин.