Металург вчера ги тестираше своите ракометари на коронавирус и сите тестови се негативни. Со тоа е исполнет и последниот услов за настап на 48. издание на турнирот во Струга, кој од утре па се до недела ќе се игра на теренот кај “Женската“ плажа.

Металург предмалку стигна во Струга и веќе се смести во прекрасниот хотел “Дрим“.

Еве го и променетиот распоред на натпреварите:

Од строгите мерки и протоколи за издвојување е забраната за користење на соблекувалните и дезинфицирање на теренот после секој натпревар. Олеснување за организаторите е играњето на отворено игралишите „Горан Попоски-Бабец“ и одлуката на дел од клубовите да патуваат во Струга за играње на мечеви, без спиење во сместувачките капацитети.