Охридскиот суперлигаш ја одигра и својата трета пријателска средба на турнејата во Будва, Црна Гора.

„Гладијаторите“ во третиот натпревар минимално се поразени од Ловќен, со резултат 25:24.

Охрид лошо го почна натпреварот и дозволи противникот постојано да има предност од 4 до 5 гола, со колку и заврши првиот дел.

Во второто полувреме момците на Раде Стојановиќ ја поправија својата игра и ги намалија грешките, но се што можеа е да се доближат на само еден гол негатива.

Во претходните две средби Охрид ги совлада екипите Тиват и Будва.

Се очекува Охрид денеска да се врати дома и во Охрид да ги продолжи подготовките.