Машката репрезентација во ракомет на плажа на европското првенство во Полска го претрпе и вториот пораз во групата за денеска и тоа од селекцијата на Италија со 2:1 во сетови (12:18, 22:13, 7:6).

Иако одлично одиграа на овој меч,на крајот ракометарите на Македонија не издржаа и го загубија дуелот во одлучувачкиот сет

Мажите утре ги очекуваат нови два меча во групната фаза, првиот со Хрватска во 11:45 часот, додека вториот со Швајцарија кој го играат 14:45 часот.