Машката ракометна репрезентација на Македонија од денеска во комплетен состав се подготвува за двата меча со Грузија во Скопје, првиот е на програмата утре, вториот во сабота.

Капитенот Кире Лазаров потоа Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски се на располагање на селекторот Данило Брестовац за средбите од ЕХФ неделата.

Првиот натпревар утре ќе биде пренесуван на ТВ Телма од 20 часот, од саботниот дуел нема да има телевизиски пренос а се игра од 16 часот, и двата меча се играат во СЦ „Борис Трајковски“.