Македонската машка ракометна репрезентација вечерва ќе ги дознае противниците за Европското ракометно првенство 2020 кое ќе се одржи во три земји, Австрија, Норвешка  и Шведска.

Нашата репрезентација од вториот шешир ја чека ждрепката, желбата е да играме во Австрија, во Грац за да имаме поголема поддршка од навивачите.

Македонската репрезентација нема да игра против Данска, Норвешка, Словенија, Русија и Чешка во групната фаза од континенталниот собир .

Ждрепката ќе се одржи попладнево од 18:45 часот  во Виена,  натпреварите на ЕП ќе се играат од 9 до 26 јануари.

ПРВ ШЕШИР: ШВЕДСКА, ШПАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, ХРВАТСКА, УНГАРИЈА.

ВТОР ШЕШИР: НОРВЕШКА, ДАНСКА, ЧЕШКА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СЛОВЕНИЈА, РУСИЈА.

ТРЕТ ШЕШИР: АВСТРИЈА, ЦРНА ГОРА, ПОРТУГАЛИЈА, ИСЛАНД, ЛЕТОНИЈА, БЕЛОРУСИЈА.

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: ПОЛСКА, ХОЛАНДИЈА, БИХ, УКРАИНА, ШВАЈЦАРИЈА, СРБИЈА.