Македонската женска сениорска ракометна репрезентација ги започнаа подготовките за новиот циклус квалификациите за пласман на ЕП 2020.

По првиот собир во „Борис Трајковски“ одработен беше и воведниот тренинг со кој и официјално започнаа подоговките за дуелот со Шведска.

Нашата селекција на 26 септември ќе гостува во Скандинавија а потоа на 29 овој месец ќе ја пречека Чешка во второто коло од квалификациите.

Селекторот Симе Симовски направи неколку измени во составот и ја подмлади репрезентацијата па останува да видиме колку оваа одлука ќе донесе промени во играта и пред се` во резултатите на Македонија.