Женската ракометна репрезентација на Македонија на турнирот во Турција ја совладаа домашната селекција и тоа Б- тимот со 37-19.

Натпреварот се одигра во Анталија, Андреа Седлоска со 11 голови беше наша најефикасна ракометарка во победата над вториот тим на Турција.

Попладнево од 17 часот ќе го одиграме и вториот закажан натпревар за денеска, со А-селекцијата на Турција.