Женската ракометна репрезентација на плажа го претрпе вториот пораз во групата на Европското првенство кое се одржува во Полска. Нашите ракометарки беа поразени од селекцијата на Германија со 2:0 во сетови.

Првиот сет го загубивме со 26:8, а пак вториот со 27:12.Македонија на програмата утре ќе одигра уште два натпревари во групната фаза, каде во 10:15 часот дамите се соочуваат со Данска.

Настап на ЕП имаат и нашата машка репрезентација која од 17,30 минути ќе игра против Италија.