По пауза од една година, најдоброто клупско првенство на стариот континент се враќа на програмата на МТВ.

Неофицијално дознаваме дека преговорите со Аренаспорт се завршени и новата сезона во Лигата на шампиони на ЕХФ, во која Македонија ќе ја претставуваат бранителот на титулата, РК Вардар и Еурофарм Работник ќе може да ја гледаме со коментар на македонски јазик на националниот сервис.

МТВ ќе има обврска да ги одработи натпреварите со сопствени ресурси а за тоа ќе добие сублиценца.  Натпреварите од ЛШ на ЕХФ истовремено ќе бидат пренесувани и на Аренаспорт.

Со ова ќе биде проширена соработката меѓу МТВ и Аренаспорт која започна со договорот за пренос од по еден натпревар од коло во Серија А.

Од МТВ најавија дека ќе пренесуваат и натпревари од најсилното фудбалско првенство во Франција.

Богатата спортска протграма на националниот сервис во новат сезона ги носи и тв преносите од СЕХА лигата и од ПМФЛ, ЕП во одбојка  а најавено е и збогатување на програмската спортска содржина со атлетика.