Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од 29-26 на првиот од двата контролни натпревари што нашиот национален тим ги игра викендов против соодветната селекција на Србија. И двајцата селектори решија на овој двомеч да експериментираат со играчи кои вообичаено не се стандардни првотимци, Кире Лазаров повика исклучиво играчи од домашната Супер-лига, кои и покрај желбата и залагањето претрпеа заслужен пораз во меч во кој губеа 60 минути.

Натпреварот подобро го отвори селекцијата на Србија која поведе со 4:0, а потоа и со 8:2, но избаниците на Лазаров успеаја да се вратат во игра и да дојдат до минус два (11:9) и предноста до крајот на полувремето се движеше 2-3 гола. Токму со три гола негатива (18:15), Македонија  замина на одморт.

Во второто полувреме, српските ракометари го контролираа резултатот направија предност од пет гола (24:19, 28:23) со што беа решени дилемите околу победникот.

Кузмановски со седум кај нас , а Пешнамбек кај србите со шест беа најдобри стрелци на мечот.