По петмесечна пауза поради пандемијата на коронавирус, денеска и официјално ракометот се враќа на спортската сцена во Македонија со традиционалниот турнир во Струга.

Официјалното отворање е закажанано за  17;15 часот со мечот Струга – Прилеп, следува дуелот помеѓу Бутел и Охрид, а првиот ден на 48 издание на струшкиот турнир се затвара со дербито помеѓу Металург и Еурофарм Работник.

Македонскиот првак Вардар, кој е рекордер со 12 освоени турнири во Струга, своето деби ќе го има утре во вечерниот термин против Охрид.

Поради пандемијата на коронавирусот, струшкиот турнир годинава ќе биде посиромашен за учесници од странство.