Екипата на Струга се соочува со сериозни проблеми, по само едно одиграно коло од новата сезона на Суперлигата,

Амбициите на клубот беа високи и ова лето беше ангажиран искусниот стратег Илија Темелковски, сепак, тимот на Струга ја „тресе“ голема финансиска криза. Како резултат на тоа е заминувањето на поранешниот македонски селектор по само неколку месеци во тимот.

Покрај Темелковски свое заминување најави и Богдан Николиќ, кој исто така поради незадоволство ќе го напушти тимот.

Според информациите нова средина ќе си бара и кружниот напаѓач Александар Тренчевски, а договор не беше постигнат ниту со Јован Талевски, кој одигра одлични партии на Струшкиот турнир.