Поранешниот тренер на  европскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалез во интервјуто за „Ел Норте де Кастиља“ говореше за новиот историски успех на Вардар во ЛШ.

После заминувањето на Парондо, веднаш македонскиот и европски ракометен шампион пронајде замена, нов шпански стратег Писонеро. Во меѓувреме тимот почна и да се засилува за следната сезона.

Гонзалез, поранешниот селектор на нашата репрезентација или популарниот „Ел Команданте“ вели дека „црвено-црните“ не згрешиле со новиот потег на тренерската клупа.

– Давид Писонеро е мој пријател, уште еден тренер кој доаѓа од школата на Ваљадлид. Во Вардар сакаа техничар со слични карактеристики и мислам дека Давид одлично ќе се вклопи во екипата – вели Гонзалез.

– Вардар од почетокот беше еден од фаворитите за титулата, барем кај тие што добро го разбираат ракометот. На располагање имаа одлични играчи и фантастичен тренер. Одлично го познавам Роберто Парондо и знам колку добро ја имаше подготвено екипата – изјави Раул за историскиот успех на Вардар оваа сезона.

Запрашан и околу тоа дали летонскиот десен бек Даинис Криштопанс е клучен играч на тимот, тој одговори:

– За било кој тим, не само во Вардар. Со неговата висина и тежина не само што е клучен, но и придонесува со своите асистенции до своите тимски колеги. Тој има уште една година од договорот со Вардар, а наредната сезона ќе дојде во ПСЖ – додаде Гонзалез кој пак има уште две години од соработката со францускиот клуб

Раул Гонзалес во Вардар беше тренер четири години,за да во 2017 година ја донесе првата европска титула на македонскиот ракометен шампион