Хрватскиот гигант, ППД Загреб реагираше по објавата дека Анте Гаџа е нов играч на Вардар во која велат дека тој се уште е под договор со нив, иако овој трансфер го потврди првиот човек на „црвено-црните“, Михајло Михајловски.

Хрватскиот тим тврди дека македонскиот клуб ќе мора да плати обештетување доколску сака да го виде Гаџа во своите редови.

„Гаџа сè уште е наш играч. Тој е под договор со Загреб, а ако некој клуб го сака, тогаш ќе мора да плати обештетување. Таа сума се знае колку е. Ако Вардар ја плати, трансферот ќе биде реализиран“- изјави Божидар Јовиќ, извршниот менаџер на Загреб.