По петти пат младите ракометари од Македонија во организација на академијата Алушовски се собраа на кампот „Маврово 2019“.
Искусниот тренерски тим предводен од Стевче Алушовски, Александар Јовиќ, Лефтер Бошковски и Благојче Весиќ и оваа година им го пренесува своето знаење на младите ракометни таленти. Посебно доживување за младите кампери се специјалните гости.
На првите два дена во Маврово гостуваа македонските репрезентативци Кирил и Филип Лазаров, Филип Талески и Никола Митревски.
Be the first to write a comment.