Додека Вардар ги чека противниците за новата сезона во Лигата на шампионите, ждрепката ќе се одржи на 27 јуни , ви пренесуваме ретко видео од 60-те години од минатиот век кога е формиран РК Вардар.

Според достапните информации, ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 годнина со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето клубот успеал да се пласира во II сојузна лига, и во натпреварувачката сезона 1961/62 година успеал да го освои II место.