Поради ситуацијата со коронавирусот, од Ракометната Федерација на Македонија информираа дека натпреварите во сите конкуренции во националните првенства се во прекин на неодредено време.

„Почитувани,Ве известуваме дека Раководството на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории. Одлуката е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19. Ракометната Федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ.“ – соопштија од Ракометна Федерација на Македонија

Предходно РФМ донесе одлука на 12 март за времен крепкин од 14 дена а оваа одлука денеска беше изменета со прекин на неодредено време.