Ракометната федерадција на Македонија го објави протоколот за работа на ракометните клубови за време на пандемијата од Ковид-19.

Протоколот е изготвен во соработка со здравствените власти во Македонија.

Според него тренингот е дозволен но поделен во повеќе фази, натпреварите ќе се играат нез публика на трибините, ќе има ограничен простап до терените, сите официјални лица (ракометарите се иземени) ќе мора да ностат маски а сите членови на клубовите ќе мора да се тестираат на Ковид-19 најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварите.

• Одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика;

• Од сите учесници се бара да потпишат изјава за одговорност за почитување на
општите мерки за превенција од Covid-19 мерките кои ќе важат во делокругот на
ракометниот спорт, што е услов за учество во системот на натпревари/ учество
на натпревар /;

• Тестирање на COVID-19 треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на
натпреварувањето, a по потреба и дополнително;

• мерење на температура на сите учесници при влегување во спортска сала;
За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С
со која може слободно да влезе во спортската сала. Лице кое при пристигање во
сала има телесна температура од 37.1 до 37.2 С се изолира во посебна просторија
и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно
евентуално телесно загревање од самото патување до спортската сала). Доколку
по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно
да влезе во салата, во спротивно на истото не му се дозволува влез во салата.
Лице кое при пристигање во салата има телесна температура 37.3 оС и повеќе не
му се дозволува влез во салата. Се упатува клубот за лицата на кои не им е
дозволено да влезат во салата, истите да се изолираат од групно патување.

• поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за
дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително
користење пред секој тренинг и натпревар;

• употребата на заштитни маски е задолжителна освен за ракометарите кои се на
терен во игра;

• секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);

• секој клуб има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и
средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;

• зачестено чистење и дезинфекција на сите простории во спортската сала,
материјалите и опремата;

• одржување на социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој
било друг контакт).

Целиот протоколот за тренинг и натпревари на ракометните клубови може да го погледнете ТУКА.