Со одлука на Владата на Македонија, спортот може да функционира во сите категории но со задолжителни Ковид тестирања, одлуката е во сила и тоа значи дека сите екипи ќе мора да ги тестираат своите играчи и спортисти пред секој натпревар.

Ова е сериозен финансиски удар за клубовите и федерациите, во екипните и поединечните спортови, пред секој натпревар тест, тоа е голема финансиска обврска.

РФМ најавија дека сите клубови кои играат во Суперлигата и Првата лига во машка и женска конкуренција, ќе добијат бесплатни  ПЦР-тестови.