Ракометната федерација на Македонија  денеска го одржа редовното годишно собрание, на седницата присуствуваа најголемиот дел од делегатите кои немаа замерка за работата на федерацијата.

РФМ објави дека дека на сите национални селекции им беше посветено големо внимание, ракометот се развива во позитивен правец.

Бројот на клубови е со континуиран раст, ракометот е популарен спорт во Македонија, во оваа сезона бројката да изнесува 156 клубови што значително зголемување во однос на 2015/16 година.

Федерацијата ужива голем углед во ЕХФ и ИХФ, позитивно е што се исплатени  два кредита од минатото, финасиската кондиција на РМФ е во добра состојба.