Ракометната федерација на Македонија со соопштение до јановста потврди дека Симе Симовски не е повеќе селектор на сениорската женска репрезентација.

Ова доаѓа непосредно по двојниот пораз на Македонија од Романија во баражот за СП, а една година пред настапот на ЕП.

„Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година. Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции.“ – информираа со РФМ.

Неофицијално има неколкумина тренери кои се во игра за селекторската позиција кај дамите, прв пик е Марјан Колев кој во моментов работи во француска Ница.