Ракометната федерација на Македонија редовното годишно Собрание го закажа за 29 февруари во 12:00 часот.

На ова Собрание ќе се дискутира на осум точки по дневен ред, а во точката шест, ќе се разработат работата и резултатите на клубовите и сите репрезентации на нашата земја во 2019 година.

Покрај ова ќе се дискутира и за промена на системот на натрпеварување во машката Суперлига, односно тимовите кои се дел од СЕХА лигата ќе треба да се вратат на натпреварите од регуларниот дел од сезона, инцијатива која е од поодамна.