Репрезентацијата на Шпанија денеска ја брани титулата првак на Европското ракометно првенство против Хрватска.

Селекторот Жорди Рибера е горд на своите момци и смета дека заслужено се во финалето.

„Јасно ни е дека Хрватска ќе игра како дома, во тоа се уверивме во текот на целиот турнир, особено во полуфиналето против Норвешка. Сепак, сакаме да уживаме во натпреварот и да го оставиме срцето на теренот, па што биде нека биде. Во секој случај мора да бидеме многу задоволни од целиот настап на Европското првенство. Некогаш работите одат добро, некогаш не, но секогаш се бориме до крај. Така ќе биде и во финалето.“ – вели Рибера.

Тој има голема почит за хрватските ракометари и вели дека се родени победници, одлични во тактиката и техниката.

Натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија се игра во 16:30 часот.