Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски по осум години се врати во составот на Вардар, тим чиј дрес во кариерата на два пати го носеше.

„Министерот“ за одбрана последен пат беше дел од Вардар во периодот од 2010 до 2012 година, а по официјализирањето на трансферот, откри дека за помалку пари доаѓа за да му помогне на Вардар, кој од поодамна е во тешка финансиска ситуација

„Јас имав уште година ипол од договорот и сега се договоривме за пократок договор до крајот на сезоната за финансиски послаба понуда, но сепак доаѓав главно да му помогнам на Вардар. Имав и други понуди, од екипи кои играат во ЛШ, Рајн Некар беше една од нив, но се решив за Вардар. Ова е европски првак, група со квалитетни играчи, големи луѓе и големи борци и затоа сакам да помогнам во оваа тешка ситуација. Уште ќе има тешки и важни натпревари во ЛШ и во СЕХА, како и во домашното првенство“– истакна Ристовски.