Ракометарите на Вардар денеска му гостуваат на Нексе од 17 часот во воведниот натпревар од четвртфиналниот двомеч во СЕХА лигата.

Вардарци се фаворити но ота мора да го потврдат на теренот на Нексе. Новото засилување на Вардар, Борко Ристовски е уверен дека нема да биде лесно но на крајот тој и неговите соиграчи треба да се радуваат на пласман на завршниот турнир.

„Добро ја познавам СЕХА лигата. Нашиот противник Нексе исто така добро го познавам затоа што Бенфика го елиминиравме во ЕХФ Купот. Ќе биде интересно, тие ќе направат се за да го изненадат Вардар. Ние сме еврепски шампиони и веруваме во триумф.“ – вели Ристовски.

Вардар на последното гостување кај Нексе загуби со убедливи 42:26 во натпревар од 8 коло од СЕХА лигата одиграно на 15 декември 2019 година.