Вардар со 31-30 го победи Нексе, прв четвртинален натпревар во СЕХА лигата, со оваа победа македонскиот, европскиот и регионален шампион е на добар пат да обезбеди настап на Ф4 во Задар.

Голманот Борко Ристовски со клучна одбрана на мечот му донесе победа на Вардар, изјави дека клубот има проблеми, но на теренот екипата делува победнички.

„Мораме да бидеме задоволни со победата, го добивме „првото полувреме“ треба да ја поправиме играта во одбраната, резултатски за нас поволно заврши овој натпревар. Ние имаме најдобра публика на светот, проблемите кои ги имаме ги забораваме на теренот, се надевам дека наскоро ќе завршат“ – изјави Ристовски