Ракометниот голман Борко Ристовски во емисијата „Вар во Офсајд“ истакна дека РК Вардар бил пред згаснување.

Тој посочи дека доколку сегашниот претседател Михајло Михајловски не прифатил да помогне, Вардар ќе згаснел и немало да има никаков ракомет машки во Македонија, неспорејќи ја работата на Металург.

Треба да сме свесни дека клубот беше на едно ниво минус пет, а сега сме на ниво 3,4 ако врвот е 10. Од година во година верувам дека клубот ќе расте, ќе се носат секоја година по две-три квалитетни засилувања. За 2-3 години ќе се врати на стариот пат. Очекувањата на навивачите по освоени две европски титули се оправдано огромни, меѓутоа треба да знаеме сите дека клубот тргна од пет скалила подоле и нормално дека секој почеток е тежок. Вардар почнува еден проекти од нула каде треба да се изгради екипата, а за тоа се потребни неколку години. На овие резултати кои сега ги постигнуваме, ќе имавме барем уште некој бод плус доколку беа нашите навивачи на трибините. На нашите противници ќе им беше многу потешко да играат на теренот кога салата е полна. Кога се ќе се додаде и одземе, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаше клубот, со Ковид ситуацијата, мислам дека единствено ни фалеше победа против Порто дома, и бод со Мешков Брест и сликата ќе беше комплетна.“ – вели Ристовски за Вар во Офсајд.

Вардарци вчера се вратија во Скопје по поразот во Полска од Кјелце во ЛШ.