Ривалството на Веселин Вујовиќ и Лино Червар датира уште од времето кога беа предводници на Вардар, односно Металург.

Сепак, дека тоа е само спорт потврди и поранешниот тренер на Вардар, Вујовиќ, кој даде свое мислење за тоа кој е најдобар тренер на годината на Балканот, анкета која ја спроведе „Балкан Хендбол“. До овој момент Вујо води според бројот на гласови.

Почитувани пријатели, Балкан Хендбол секоја година ги бира најдобрите тренери во регионот со помош на вашите гласови, секако дека ми годи што сум на првата позиција, ама по сите критериуми признанието за најдобар за оваа сезона му припаѓа на господинот Лино Червар затоа што го освои сребрениот медал со репрезентацијата на Хрватска. Благодарност до сите што гласаа за мене, ама не се бира најомилениот, туку најдобриот“– напиша Вујовиќ на социјалните мрежи.