Ракометниот клуб Бутел ги засили своите редови со третиот најдобар стрелец во досегашниот дел од ракометниот Мундијал во Скопје, нигерискиот кадетски репрезентативец Фарук Јусуф.

Африканскиот ракометар настапува на позицијата десен бек, а во Бутел доаѓа од екипата на Сокото Академи.

Тој со скопскиот тим потпиша четиригодишен договор ,а на подготовките на новиот клуб ќе се приклучи на почетокот од месец септември.

Среќен сум што потпишав за тим каков што е Бутел Скопје, кој од година во година се повеќе се развива. Се надевам дека ќе помогнам во следниот период тимот да стигне до некој трофеј и едвај чекам да ја започнам соработката со управата, со тренерот и со моите нови соиграчи“ – истакна Јусуф.