Поранешниот  македонски репрезентативец и голман со Златко Даскаловски, се враќа во својата татковина, откако постигна договор со Бутел Скопје.

Искусниот чувар на мрежата, кој настапуваше и за Вардар, Ловќен, Пролет, Анкара и Темишвар, потпиша договор на две години со скопскиот клуб.

„Со раководството на Бутел Скопје веќе подолго време бевме во контакт, но поради моите ангажмани надвор од земјава, не можевме да направиме посериозни разговори и да ги реализираме плановите. Драго ми е што ќе бидам дел од овој сериозен проект, кој ветува многу во наредните години. Се голем број од новите соиграчи се познавам од претходно и сме настапувале во исти клубови. Со тренерот Котевски исто така соработував во Вардар Јуниор и одлично ги познавам неговите барања и очекувања. Се надевам на добра сезона како на домашна цена, така и во ЕХФ Купот”, изјави Даскалоски по официјалната промоција во овој клуб.