Ракометниот клуб Металург ќе ја почитува одлуката на Владата средбите да се играат пред празни трибини и во врска со тоа ги извести своите фанови дека од овој викенд своите средби ќе ги игра без присуство на публиката.

„Поради препораката на Комисијата за заразни болести и денешната одлука на Владата во наредните 30 дена спортските настани да се одржуваат без присуство на публика, ги известуваме нашите фанови дека почнувајќи од овој викенд натпреварите ќе ги играме пред празни трибини.

Истовремено, ве информираме дека РК Металург ќе обезбеди Livestream, за да можете да ги следите нашите натпревари во наредните 30 дена. РК Металург“, стои во известувањето на клубот.