Овогодинешното издание на традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга ќе се одигра од 12 до 16 август.

Оваа година нема да има клубови од странство, осум македонски тимови ќесе борат за трофејот од популарниот турнир.

Организаторот ги одреди групите од првата фаза:

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2.

Група Б: РК Металург, Еурофарм Пелистер, Прилеп, Струга.

Сеуште не е потврдено дали ќе има присуство на публика, предвидени се по три меча во ден, во вечерните термини во воведните три дена.