Актуелниот освоувач на купот во Македонија во машка конкуренција тимот на Металург последната проверка пред стартот на новата сезона во Суперлигата ќе ја има на турнирот во Кањижа.

Традиционално турнирот се одржува кон крајот на август поточно од 22 до 25 август.

Претходно тимот од Автокоманда, ќе игра на турнир во рускиот град Чехов, заедно со домаќинот Чеховски Медведи, Мешков Брест и романската Стеауа.