РК Металург по само четири натпревари од новата сезона го отпушти тренерот Дамир Стојановиќ. Клубот сеуште ја нема соопштено причината за разделбата со Стојановиќ кој дојде два дена по ремито против Пролет во Суперлигата.

Претходно Металург, загуби од Вардар во Суперкупот на Македонија. Привремено решение на тренерската позиција ќе биде Игор Котевски, тренерот на Металург 2, а има можност да остане и подолг период.