Македонскиот ракометен прволигаш, го потврди најновото засилување на тимот на Раде Стојановиќ.

„РК Охрид го засили ростерот, доведувајќи го Михајло Младеновиќ. 20-годишниот ракометар игра на левата бековска позиција и на клубот ќе му се придружи после завршувањето на Мундијалот во Египет.“ – велат од Рк Охрид.

Потсетуваме дека РК Охрид во регуларниот дел од домашното првенство стана првиот клуб кој успеал да победи на сите 12 натпревари.