Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 пријави дека има 16 позитивни играчи на Ковид -19 по мечот со Радовиш во домашното првенство.

Сега, РК Радовиш потврди дека по оваа средба има двајца позитивни играчи на коронавирусот.

„Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи. Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми“ – се вели во соопштението на клубот.