Европскиот машки ракометен првак Вардар информираше дека од утре па до 21 август ќе бидат во продажба пуштени приоритетните сезонски билети додека од 22 август до 9 септември ќе можат да се набават сезонски билети во регуларна продажба на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ и преку продажната мрежна на тикетсплус.мк.

Со сезонскиот билет навивачите ќе мораат да ги гледаат натпреварите на домашен терен од групната фаза во Лигата на шампионите, сите пресметки од СЕХА конкуренцијата како и сите пресметки кои ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ од Супер лигата и од националниот Куп.

ЦЕНА НА СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ
– 2.200 денари за трибините
– 2.550 денари за А блоковите

ПРИОРИТЕТНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ7 Август – 21 август 2019 година.

Сите сопственици на сезонски билети од претходната сезона имаат можност повторно да ги задржат местата што ги имале досега. Приоритетната продажба на сезонските билети ќе биде само на касата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во периодот од 10 до 18 часот, секој работен ден.
Потребно е приложување на сезонските билети што сте ги посетувале лани од групната фаза на натпреварите во ЛШ (пластифицираниот билет заедно со лична карта). При приоритетната продажба можно е купување (задржување) само на местото што сте го имале и во минатата сезона.
Доколку во овој период не биде продолжен сезонскиот билет истиот ќе биде пуштен во регуларна продажба.

РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ – 22 август – 9 септември 2019

Сите места во салата што ќе бидат слободни (по завршување на приоритената продажба) ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Регуларната продажба на сезонски билети ќе се врши на касата на билетарницата на СЦ „Јане Садански” секој работен ден од 10 до 18 часот и он лајан преку www.ticketplus.mk По завршување на овој период повеќе нема да има сезонски билети во продажба, туку ќе следува поединечна продажба за секој натпревар поединечно.

РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА ПОЕДИНЕЧНИ БИЛЕТИ

За секој меч од ЕХФ лигата на шампионите ќе има известување кога ќе бидат пуштени во продажба поединечните билети и нивната цена.
Првиот домашен натпревар во ЕХФ лигата на шампионите ракометарите на Вардар ќе го играат на 22 септември против Порто во СЦ „Јане Сандански” од 17 часот.