Од следната сезона бројката на екипите кои ќе имаат можност да играат во машката ракометна Лига на шампиони се намалува, со цел кревање на квалитетот, а право на учество ќе имаат само 16 тимови од Европа.

Загарантирано место ќе има на претставниците од земјите кои се рангирани од 1. до 9. место на ранг листата на ЕХФ. Секоја од овие девет земји ќе може да го пријави шампионот. Десеттиот тим ќе дојде од земјата која во последните три години освоила најмногу титули во европските купови.

Остануваат уште шест места, а за нив ќе одлучува Извршниот комитет на ЕХФ, а ќе се води според неколку од новите критериуми кои секој тим ќе мора да ги исполнува. Практично ќе има и пет критериуми кои ќе мора да бидат исполнети за да се добие местото во Лигата на шампионите.

Европскиот ракометен шампион Вардар ги исполнува сите услови така што ќе нема поголем проблем за да се најде во ЛШ и во иднина кога ќе биде навистина потешко да се обезбеди место во некоја од групите и да се биде дел од кремот на машкиот ракомет.