Европскиот ракометен првак, Вардар во првата елиминациска фаза од Лигата на шампионите на ЕХФ ќе игра против Пик Сегед.

Ова е разврската во групата Б по поразот на Сегед на гостувањето кај Барселона од 30:28. Со ова Сегед ја освои третата позиција во групата А.

Победникот од дуелот на Вардар и Пик Сегед, во четврфиналето ќе игра со подобриот од соочувањето на Веспрем и Висла.

Вардар и Пик Сегед играа лани во четвртфиналето од ЛШ во кое црвено-црните пласман во Келн обезбедија по одличната игра во Скопје.