Средниот ракометен бек и руски репрезентативец Павел Атман е нов играч на европскиот и македонски машки ракометен шампион Вардар.

Како што пишува спортскиот портал СПОРТМЕДИА.МК ракометарот, кој го носеше дресот на скопски Металург, сега одново се враќа во Скопје.

Со европскиот првак Атман веќе потпишал договор на две години.

Атман денеска стави крај на соработката со бундеслигашот Хановер, а Скопје и Вардар веќе во неколку наврати беа споменувани како опција за негово продолжување на кариерата, а официјалната потврда од „црвено-црните“ редови треба да стигне до крајот на неделава.