Македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов по операцијата на коленото полека но сигурно се враќа во ритам. Тој работи со посебен режим тврдат од РК Вардар.

„Капитенот Столе Стоилов работи под посебна програма како дел од рехабилитацијата.Очекуваме да биде подготвен за почетокот на сезоната.“ – напишаа од РК Вардар на официјална Фејсбук страница.

Европскиот првак, во август ќе настапи на Супер Глоб по што го очекуваат настапите во СЕХА лигата и во елитата на ЕХФ.