Македонскиот ракометен првак, Вардар со победа ги загрвши подготовките пред настапот на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија.

Црвено-црните денеска во „Јане Сандански“ го победија АЕК со 31:24 на контролниот натпревар. Европскиот првак ги предводеше Тимур Дибиров со десет гола, Сташ Скубе постигна седум во дуелот со освојувачот на „Струга 2019“.

Вардарци следната недела заминуваат за Ријад каде ќе се борат за светската клупска титула. Поради повреда Стоилов и Толедо нема да бидат во сотавот на Давид Писонеро. Неизвесен за настап е Павел Атман.

Европскиот шампион во четвртфиналето на Супер Глоуб ќе игра против подобриот од Ал Мудхар и Њујорк.