Македонскиот и европски првак, РК Вардар продолжува со засилено темпо да работи на засилување на тимот пред почетокот на новата сезона.

Последното име кое се поврзува со трансфер во „црвено-црното“ семејство е Хозе Толедо од Висла Плоцк.

Станува збор за 25 годишниот репрезентативец на Бразил кој треба да биде директна замена на Дмитри Кисељев. Доколку Толедо потпише со Вардар, тоа ќе значи дека Криштопанс ќе добие парнер за ротација во првиот тим.

Толедо е сениорски репрезентативец на Бразил веќе четири години.