Тимот на Металург денеска потврди дека бразилскиот интернационалец Енрике Тешеира е нов член на клубот, но неколку часа подоцна сегашниот тим на Бразилецот ЧСМ Букурешт го демантираше овој трансфер.
„Разговарав со Тешеира и му ветив дека следната седмица ќе имаме средба по која ќе се донесе одлуката и ќе знаеме што ќе правиме во иднина. Тешеира се уште не потпишал со Металург и тој се уште е ракометар на ЧСМ Букурешт“– изјави Кристијан Стамате.
Металург претходно ги доведе Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш.
Comments are closed for this post.