Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од селекцијата на Романија 33:22  во првиот натпревар во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Романките убедливо триумфира во денешниот натпревар добивајќи ги двете полувремиња.

Расположена за игра во домашата репрезентација беше Кристина Неагу со 11.погодоци ,додека во нашата репрезентација очекувано најефикасна беше Сара Ристовска со 8.погодоци и Јанеска и Стојковска со по пет гола.

Женската ракометна репрезентација на Македонија сепак најверојатно ќе мора да почека некоја друга шанса за пласман на Светско првенство,бидејќи реваншот во Скопје се очекува да биде само формалност.